Настани

За настанот ГРАБни СКЕЈТ Кавадарци 2022

На 16 октомври (недела) во скејт паркот во Кавадарци се одржа спортскиот настан „ГРАБни СКЕЈТ“ во организација на Асоцијацијата за скејтбординг и ролер спортови (МКД СКЕЈТ) со поддршка од Македонскиот Олимписки Комитет и Општина Кавадарци. На настанот учествуваа млади вљубеници во скејтбордингот од повеќе македонски градови коишто имаа можност да испробаат и увежбаат различни трикови поврзани со овој спорт. Настанот имаше и гости од Бугарија, тренерот на бугарската репрезентазија Марин Сладкаров заедно со помладите скејтери и демонстратори Марио Николов, Алберто и Ангел Ангелов. Целта на овој настан со креативно име ГРАБни СКЕЈТ беше промовирањето на скејтбордингот меѓу помладата популација во Република Македонија, како и интеграција на младите кои имаат исти интереси и љубов кон овој спорт, а доаѓаат од различни средини. Уште една дополнителна цел беше да се истакне талентот кој го имаат младите за овој спорт со можност за понатамошни учества на натпревари и настани од сличен карактер, како домашни, така и меѓународни. „Со овој настан сакавме да покажеме дека Македонија има потенцијал во иднина да го развива возењето скејт од хоби до олимпски спорт, како најталентираните наши младинци би можеле во иднина да учествуваат и на натпревари на меѓународно ниво, а и да заземат учество на Олимписките игри. Досега овој спорт со години се развиваше и практикуваше во нашата земја, но никако да застане на сигурни нозе и да започне сериозно да им конкурира на другите земји од регионот и пошироко, кои веќе сериозно го промовираат возењето скејт и имаат професионални спортисти. Нашата асоцијација е признаена од Светкси скејт (World Skate) и добива апсолутна поддршка за идни учества на Македонците на важни спортски настани и натпревари. Но, секако ова се почетоци, а знаеме дека секој почеток е тежок. Мораме со заеднички сили (асоцијацијата, клубовите, тренерите и индивидуалците кои се занимаваат со овој спорт) да се потрудиме да постигнеме првични резултати, а тоа се пред сè млади таленти кои ќе нè претставуваат и кои ќе бидат гордост на македонскиот спорт. Особено би сакале да се заблагодариме на нашите гости од Бугарија кои веднаш се согласија да учествуваат на овој настан и да помогнат во промоцијата на скејтбордингот без никакви претходно поставени услови, бидејќи, морам да нагласам, на почеток секогаш сте оставени сами на себе, без финансиска или каква било друга помош. Секако и без поддршката на Македонскиот Олимписки Комитет и Општина Кавадарци, овој настан не би се случил, голема благодарност и до нив. Во иднина очекуваме уште настани од сличен карактер, како за возењето скејт, така и за останатите ролер спортови, а се надеваме и на нови терени за вежбање на овие спортови, повторно со цел да им овозможиме услови на нашите таленти да постигнат врвни резултати во спортувањето, да го поттикнеме возењето скејт и како професионална и како рекреативна определба меѓу младите, да ги мотивираме да спортуваат и да создадеме еднакви можности за сите“ – изјави перетседателот на Асоцијацијата за скејт и ролер спортови на Р. Македонија.
ОНЛАЈН КУРС НА АКАДЕМИЈАТА НА СВЕТСКИОТ СКЕЈТ „ОСНОВИ НА СКЕЈТБОРД СУДЕЊЕ“

Курсот е отворен за сите кои сакаат да учествуваат и е бесплатен. Бидејќи овој курс има за цел да ги претстави основите на скејтборд судењето и исто така да ги постави темелите на националната програма за судење, нема да им се додели на учесниците Сертификат кој е меѓународно признаен од Светката скејт организација.

Запознајте ги инструкторите:

Martin Karas
Luca Basilico
Alexis Jauzion
Shari Lawson-Duffy
Kyle Berard
Renton Millar
Lincoln Ueda
Vanessa Torres
Stephane Larance
Matt Milligan

Search